сабота, 19 октомври 2024

За осум месеци полицијата запленила 27 километри мрежа за риболов

Во текот на 2024 година од страна на полициските службеници се одземени вкупно 27 километри мрежа со која се вршел незаконски риболов и вкупно околу 450 мрежи кои се складирани на соодветно место, а кои треба да бидат уништени, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска беше во работна посета на Охрид, каде оствари средба со претставници на СВР – Охрид и на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ .

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Запленетиот алат ќе биде соодветно складиран и уништен. Ова особено го потенцираме оттаму што еколошкиот криминал ќе биде еден од таргетите на чија сузбивање ќе се фокусираме, во рамки на препораките што ги добиваме од ЕУ. Поради тоа давам значение на она што е постапено, а во иднина најавувам дека посериозно и повеќе ќе се посветиме во справувањето со тој вид криминал. Со идната систематизација на МВР ќе предвидиме и посебно одделение што ќе постапува по тој вид кривични дела“, рече Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ