четврток, 12 септември 2024

За осум месеци над три милиони возила поминале на наплатната рампа кај Романовце

Зголемена е фреквенцијата на наплатната рампа Романовце, сместена на коридорот 10 во екот на туристичката сезона, соопштија денеска од Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Оттаму велат дека поголеми задржувања на оваа наплатна рампа нема и покрај големата раздвиженост летово.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Во летниот период вообичаено е зголемена фреквенција на возила од сите категории на сите наплатни станици, а посебно на Романовце, бидејќи е на Коридорот 10 и води кон туристички дестинации. Наплатната служба со сите расположливи средства и можности се труди да го намали метежот и до овој момент поголем метеж немало и нема подолги задржувања“, велат од ЈПДП во изјава за МИА.

Од први јануари годинава до 31 јули годинава поминале над 3,1 милиони возила од сите категории, а лани во истиот период 2,9 милини возила. Од 1 мај до 31 јули, просечно поминале 17.784 возила од сите категории. Постепено расте и наплатата со електронски уреди и тоа за три проценти, но, сепак граѓаните преферираат да плаќаат со готовина.

„Годинава од први јануари до 31 јули поминале 3.164.673 возила од сите категории што е за 202.816 возила повеќе во однос на 2023 година. Од нив, со МKард поминале 12.3 проценти, со МТаг 8, 3 отсто (или со електронски уреди 20.7 отсто). Во кеш платиле 63.7 отсто и е намалување за 3,5 проценти, додека со банкарска картичка, процентот е приближно како и во 2023 и изнесува 13.3 отсто. Прекршочни билети учествуваат со 0.329 проценти“, велат од ЈПДП.

Лани за истиот период поминале 2.961.857 возила. Од нив, со МКард учествувале со 10.4 проценти, со МТаг 6.9 или вкупно со електрични уреди 17.4 отсто. Во кеш платиле 67.3, проценти и со банкарска картичка 13.15 отсто. Како прекршочни билети односно оние кои не платиле патарина се 0,3 проценти. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ