„Да, во септември ќе има учебници. За основно ќе има за сите учебници и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците“, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.
Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.