сабота, 27 јули 2024

За недозволено престигнување казнети 183 возачи

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14 до 19 часот сообраќајната полиција казни 183 возачи за непрописно престигнување.

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 62 возачи се казнети на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово, како и на други места. За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ