Во првиот случај, вчера во 12:40 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември 2024 околу 13 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Во вториот случај пак, исто така вчера, во 13:15 часот во СВР Скопје, 36 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 17 септември 2024 во основно училиште на подрачјето на Општина Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.