Компанијата „Рено“ била национализирана поради соработка со нацистичкиот окупатор.
Нивните адвокати веднаш објавија дека ќе поднесат жалба, тврдејќи дека налогот за конфискација на „Рено“ од 1945 бил противправен и спротивен на основните човечки права, вклучувајќи го и правото на имот.
Внуците на Луј Рено, кој умрел во затвор на крајот на 1944, обвинет за соработка со нацистичка Германија, до судот во Париз поднеле „приоритетно прашање за уставноста“, со кое ја оспоруваат валидноста на тој акт, но судот се прогласил за ненадлежен.
Наследниците на основачот на „Рено“ од една страна, и синдикатот, француската влада и здруженијата на депортираните од друга, веќе повеќе од 60 години се тужат за улогата на автомобилската групација за време на Втората светска војна и окупацијата на Франција.
За наследниците на Рено нема отштета поради нацизам
Објавено на
часот