сабота, 27 јули 2024

За луксузни возила повисоки давачки при увоз

Владата на денешната седница усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, информираат од владината служба за информирање.

Објавено на

часот

Сподели

Повисоки даноци при увозот ќе се плаќаат за луксузните возила, како и за оние постари возила што повеќе го загадуваат воздухот.

Од централната власт велат дека зголемените давачки за увоз на дел од возилата се во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандарди.

„Новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксид од моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата“, се вели во владиното соопштение.

Со пропишувањето на оваа метода во земјава се овозможува новите патнички моторни возила да бидат соодветно оданочени, и тоа согласно вредностите на просечната емисија на јаглерод диоксид изразени во потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возилото.

„Согласно податоците со кои располага Царинската управа за увоз на патнички автомобили во земјава, новата Уредба нема да има негативно финансиско влијание кај купувачите на нови возила, освен за оние возила кои спаѓаат во категоријата на луксузни или т.н. премиум возила. Напротив, се очекува новата Уредба да изврши надолен притисок врз продажните цени на новите возила од ниска или средна класа“, информираат од Владата.

И кај половните автомобили, негативно финансиско влијание може да се забележи кај возилата од полуксузните категории, како и кај многу старите возила.

„И во двата случаја – при набавка на нови или половни возила, Уредбата ќе се ефектуира врз износот на данокот на моторни возила кај возилата кои спаѓаат во групата на најголеми загадувачи со високи емисии на издувни СО2 гасови, а кои во земјава се увезуваат во помал број“, велат од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ