сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи

За имотен лист за нов стан наместо 1.250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари

Цените со новиот тарифник за геодетски работи што стапи во сила на 15 февруари се реални и се врз основа на трошоците кои секоја геодетска компанија ги има во рамки на еден месец, но со него Катастарот ги маскира неоснованите поскапувања на своите сервиси, вели Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Објавено на

часот

Сподели

„По цели 10 години и четиригодишна сага добивме нов тарифник. Доколку се слушаше Комората, тарифникот ќе се носеше етапно на две-три години  и немаше да има вакво нагло поскапување. Цените што се сега предвидени се многу пореални од претхоно. Претходно имавме цени кои беа апсолутно нелогични, врз основа на сите трошоци, инфалцијата. Се случуваше геодетските компании да наплаќаат одредена услуга и 50 проценти да ги дадат на Агенцијата за катастар на недвижности, бидејќи секоја компанија  е должна да користи податоци од Катастарот.  Токму тоа е причината што речиси 50 приватни геодетски компании на државно ниво едвај преживуваат“, рече Рибароски  и најави дека во наредниот период ќе објави детали за тоа како се опструирало носењето на тарифникот.

Рибароски посочи дека Катастарот прави маркетинг со тврдењето дека ја намалиле цената за податокот точка од референтна мрежа, бидејќи, како што рече, претходно го зголемила од 66 денари на 409 денари, сума што ја наплатуваат геодетските компании од граѓаните.

За упис на новокупен стан во Катастар за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба да платат за секој имотен лист посебно, а тоа граѓаните ќе ги чини 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Според новиот правилник, Катастарот ќе издава и ќе одзема лиценци за приватните геодетски друштва, што според Рибароски е директен противуставен и противзаконски упад во ингеренциите на Комората на геодети, бидејќи сега за иста работа ќе имате иста лиценца издадена од две различни институции!

„Ова претставува проблем во најава за идните учества на тендерите што ги распишуваат општините. Тоа ќе внесе забуна при изборот на фирмата, бидејќи некои фирми ќе имаат една, други фирми друга лиценца, а некои ќе имаат лиценци и од Катастарот и од нашата Комора. Имаме информации дека некои наши колеги веќе вадат лиценци и од Катастарот, но тоа значи формирање нова фирма, нови документи и дополнителни трошоци за колегите, но не ги обвинувам, мора да работат“, заврши  Рибароски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ