сабота, 27 јули 2024

За грчките медиуми употребата на „Македонија“ од страна на Сиљановска Давкова е провокација

„Провокација од Сиљановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка на земјва поради употребата на терминот „Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Гордана Сиљановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече ‘Македонија’“.

Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече ‘Македонија’, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Сиљановска да повтори, земјата беше спомената како ‘Северна Македонија’“.

„Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Сиљановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата ‘Македонија’, прекршувајќи го Договорот од Преспа“, пишува АНА-МПА.

„Северна Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Северна Македонија: Гордана Сиљановска ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ