Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денес во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се откажани за денес најавените работни средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие убиство ја шокираше и ја ужасна нацијата, беше приведен синоќа во полициска станица. Официјални детали за тоа дали е спроведен пред судија на претходна постапка за сега нема.
МВР вчера соопшти дека петмината приведени имаат врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Девојчето исчезна на 27 ноември, а Панче на 24 ноември. Телото на Вања е пронајдено во околината на Скопје, а телото на Панче во околината на Велес.
Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е користољубие.
К. Додевска