сабота, 27 јули 2024

За едно деноноќие полицијата казни 796 возачи кои возеле повеќе од дозволеното

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 402 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 394 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ