сабота, 27 јули 2024

За една недела нови 30 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 30 случаи на магарешка или голема кашлица, односно пертусис, се регистрирани до 24 до 30 мај, од кои 21 се регистрирани во Скопје. Досега се потврдени вкупно 661 случај на заразната болест, со инциденца од 36,0/100.000 жители, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај во Скопје, од новите 30 случаи, .четири случаи се регистрирани во Тетово, три во Куманово и по еден во Прилеп и Кратово. Возраста на заболените се движи од еден месец до 77 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 311 лица се од машки, а 350 од женски пол.

Сè уште најголем број заболени лица се регистрирани на територија на Скопје – 79,9 отсто, а случаи се регистрирани и во 18 други градови низ државата.

Од вкупниот број регистрирани случаи – 661, 400 односно 60,5 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста, или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,6 години, појаснуваат од ИЈЗ.

Од 18 јануари до 30 мај, дадени се вкупно 49.934 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ