сабота, 27 јули 2024

За една година раст на инфлацијата од 4,5 отсто, цените „скокнале“ за 5,8 отсто

Годишната инфлацијата мај 2024 – мај 2023 година е зголемена за 4,5 %, а цените на мало во истиот период пораснаа за 5,8 %. Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за  0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%, објави Државниот завод за статистика.

Фото: Државен завод за статистика

Објавено на

часот

Сподели

Во споредбениот период мај годинава мај лани највисок пораст на цените има кај услугите од 8,4% и кај земјоделските производи од 7,4%. Прехранбените производи, пак, поскапеле за 5,3%, а индустриско прехранбените производи за 4,7%.

Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за  0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ