четврток, 24 октомври 2024

За една година Обвинителството тајно следело 416 граѓани осомничени за сторен криминал

Во 2023 година Јавнито обвинителство (ЈО) следело вкупно 416 граѓани во вкупно 87 случаи во 93 предмети што ги истражувало ЈО. на кривично дело. Споредено со 2022 година тоа е за 64 отсто повеќе предемти во кои Обвинителството спровело посебни истражни мерки (ПИ мерки). Што се однесува до бројот на граѓани што биле следени или биле применети други ПИ мерки тој е незначително зголемен од 413 луѓе во 2022 година на 416 во 2023 година. Во однос на предметите на кривично дело опфатени со посебни истражни мерки, постои намалување на бројот од 136 во 2022 година на 93 во 2023 година или околу 32 отсто помалку.  Од ЈО велат дека ваквата состојба е резултат на фактот дека најчесто во пракса не се применува посебна истражна мерка само по еден основ, туку во повеќето случаи се комбинира примена на повеќе видови на посебни истражни мерки.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во 2023 година Јавното обвинителство (ЈО) ги следело и снимало телефонските и други електронски комуникации на 113 раѓани во 31 случај и сите биле во различен временски распон.

„Во 13 случаи примената на мерката траела до еден месец, во четири случаи до два месеци, во 17 случаи до четири месеци, во пет случаи до шест месеци и во три случаи до 12 месеци. Како резултат на доказите прибавени од примената на посебните истражни мерки во еден случај отворена е предистрага, во четири случаи за 60 луѓе се донесени наредби за спроведување на истражна постапка, во два случаи е запрена истражната постапка, бидејќи не се обезбедени доволно докази, во еден случај е донесена резолуција, во еден случај е донесено решение за непреземање на кривично гонење, за 29 луѓе е поднесено обвинение и донесени се четири пресуди, во три случаи се поднесени обвинителни акти, во еден случај донесена е пресуда врз основа на спогодба и за 94 луѓе мерката е во тек“, се наведува во Извештајот за примена на посебните истражни мерки (ПИ мерки) на ЈО.

Споредено со 2022 година, годинава се забележува намалување за шест случаи и 42 граѓани за кои била применувана ваквата мерка.

Граѓаните врз кои биле применети овие ПИ мерки биле осомничени за 20 кривични дела и тоа, убиство, во три случаи, грабнување во еден случај, посредување во вршење проституција во еден случај, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори во 36 случаи, перење пари и други приноси од казниво дело во еден случај, измама во еден случај, фалсификување пари во еден случај, учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во еден случај, злоупотреба на службената положба и овластување во два случаи, противзаконито ослободување на лице лишено од слобода во еден случај, примање награда за противзаконито влијание во еден случај, терористичка организација во четири случаи, тероризам во два случаи, финансирање на тероризам во еден случај, примање поткуп во четири случаи, неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи во два случаи, криумчарење на мигранти во еден случај и организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти во три случаи.

Во истрагите Обвинителството снимало и куќи, давало и лажен поткуп

Следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории заради создавање на услови за следење на комуникации како посебна истражна мерка била применета во два случаи и биле снимани два објекти. И во двата случаи снимањето траело не повеќе од четири месеци. За првиот случај мерката е запрена, а за вториот случај поднесена е кривична пријава, а Обвинтелството води предистражна постапка. Во првиот случај било истражувано производство и продажба на дрога, а во вториот злоупотреба на службената положба и овластување.

Во претходната 2022 година оваа посебна истражна мерка била применета исто така во два случаи и со неа биле опфатени тројца граѓани во два предмети.

Освен што тајно снимало телефонски разговори  обвинителството во 2023 години тајно снимало и 156 граѓани во вкупно 34 случаи. Снимањето и следењето траело помеѓу еден и осум месеци.

„Како резултат на доказите прибавени од примената на посебните истражни мерки во осум случаи се донесени наредби за спроведување на истражна постапка, во еден случај постапката е запрена поради тоа што не биле обезбедени доволно докази или поради претек на времето за кое е определена мерката, во еден случај е донесено решение за непреземање на кривично гонење, за 33 лица се поднесени обвинителни акти, за 4 лица донесена е пресуда, во еден случај донесена е пресуда врз основа на спогодба, за 71 лице истрагата е во тек“, информира од Јавното обвинителство (ЈО).

Освен ова ЈО ги користел и посебните истражни мерки лажен откуп на предмети, но и лажно давање и примање поткуп.

„Симулираното давање поткуп во 2023 година е применета во два случаи против две лица. Во првиот случај примената на мерката траела до 1 месец , во другиот случај до 2 месеци. Лажното двање поткуп било икористено за истрага на кривичните дела примање поткуп злоупотреба на службената положба и овластување. Во 2022 година оваа мерка беше применувана во четири случаи против пет лица со утврден идентитет“, велат од Јавното обвинителство.

Тешкиот криминал бил откриван и со помош на тајни агенти

Во истрагите на тешките кривични дела, Јавното обвинителство користел и тајни агенти кои биле инфилтрирани во организирани криминални групи.

Оваа мерка е применета во 10 случаи против 82 лица со утврден идентитет.  Во 4 случаи, врз основа на прибавените докази од спроведените посебни истражни мерки донесени се наредби за спроведување истрага за 60 лица, за едно лице донесено е решение за непреземање на кривично гонење, за едно лице донесена е наредба за запирање на истражната постапка, за 23 лица истрагата е во тек, против 29 лица поднесен е обвинителен акт и за четири лица донесени се пресуди. Во еден случај донесена е резолуција, во еден случај по поднесена кривична пријава се преземаат дејствија во предистражна постапка, додека во три случаи мерката е во тек.  Во однос на 2022 година кога оваа мерка била применета во 7 случаи против 49 лица, во 2023 година има зголемување на бројот на случаи за три, додека бројот на опфатените лица е зголемен речиси двојно.

Што се однесува до посебната истражна мерка контролирана испорака и превоз на лица и предмети, истата не била применета во ниту еден случај.

Од Јавното обвинителство велат дека во текот на 2023 година, забележително е дека има зголемување на примената на посебните истражни мерки во однос на 2022 година, и тоа додека бројот на случаи е значително зголемен, опфатот на лица со мерките е речиси на исто ниво како и лани.  Како и минатите години, забележително е дека посебните истражни мерки во најголем број на случаи се применувале за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и перкурзори додека за другите кривични дела определени се во помалку случаи.

„Според податоците за примена на посебни истражни мерки во извештајниот период, тие во најголемиот дел од случаите се вклучени по иницијатива на Министерството за внатрешни работи, во помалку по иницијатива на Управата за финансиска полиција, а во еден случај мерките се по сопствена иницијатива на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Мерките се применувани само во ситуации во кои не може со други средства да се прибават докази. Детерминираноста на примената на посебните истражни мерки во борбата против организираниот криминал и корупција, произлегува од потребата за сузбивање на дејствијата во една претходна постапка и обезбедување квалитетни докази за кривичен прогон. Во спротивно борбата против овој тежок криминал би била неефикасна. Потребата од овој вид на мерки за обезбедување на докази, се потврдува и со фактот што значителен број истраги во кои биле користени, завршиле со покренување обвинение и осудителни пресуди“, се наведува во Извештајот на Јавното обвинителство.

Искра Опетческа

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ