сабота, 27 јули 2024
Нов извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

За една година граѓаните најмногу пари потрошиле на приватно здравствено и на патничко осигурување

Објавено на

часот

Сподели

Вложувањата во неживотни осигурувања достигнале 48,4 милијарди евра за првите три месеци од годинава.

„Граѓани, фирми и институции во овој период вложија 7,9 милиони евра повеќе од истиот период во 2022 година. Во првото тромесечје годинава се склучени над 369.000 договори за осигурување што е за 20 отсто повеќе од истиот период лани“, покажуваат официјалните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставиле сите 11 компании за неживотно осигурување.

Од податоците кои се јавно достапни, велат од АСО, евидентно е дека растат вложувањата во сите поголеми доброволни класи осигурување, а расте и вредноста на полисите за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.

„Најпопуларна односно најбрзорастечка класа и во овој период е приватното (дополнително) здравствено осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Во приватно здравствено осигурување граѓаните за своите семејства и компании за своите вработени вложиле 6 милиони евра. Интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година. Најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исто така бележи раст за 10,5 отсто. Вкупните вложувања на граѓани и правни лица за осигурување имот достигнале 10 милиони евра. Склучени се речиси 38.500 договори за осигурување имот и нивниот број е за 6 отсто поголем од истиот период лани“, велат од АСО.

Од другите доброволни класи, велат оттаму, има солиден раст на продажбата на полиси кај каско осигурувањето возила. Вкупната продажба на каско полиси достигнала 4,4 милиони евра и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.

„Во првите три месеци годинава граѓаните патувале во странство значајно повеќе од истиот период лани. Продажбата на патничко осигурување во овој период пораснала за 45 отсто во споредба со лани и изнесува 713.000 евра. Биле продадени 64.000 полиси за патничко осигурување што е за 44 отсто повеќе од првиот квартал лани. Најголемо учество во вкупната продажба на неживотни осигурувања и годинава има осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон. Осигурениците вложиле 19,2 милиони евра за три месеци и тоа е 13 отсто повеќе од истиот период во 2022 година“, покажуваат податоците на АСО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ