понеделник, 30 септември 2024

За еден викенд собрани 130 кубни метри отпад од диви депонии во Бутел и Чаир

Eкипи на Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиот викенд подигнале и транспортирале приближно 130 кубни метри отпад од неколку диви депонии во скопските општини Бутел и Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Отстранети се  40 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Се интервенираше и на улиците Ресенска, Струмичка, Вуковарска, Цветан Димов и Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се отстранети приближно 90 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден, информираат од Комунална хигиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ