сабота, 27 јули 2024
Државен завод за статистика

За еден месец се издадени 325 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидената вредност на објектите изнесува 7.539.575 илјади денари, што е за 47.7 % помалку во однос на истиот месец лани. Намалената вредност се должи на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка во истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24.6 %) за објекти од нискоградба и 58 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 325 објекти, на 175 (53.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (46.1 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71.091 м2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ