Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар. Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.