„Денеска околу 00:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар Трета македонска ударна бригада се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од селото Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл кавасаки со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од село Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило фиат со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од село Оризари, липковско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово. По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, информираше МВР.
Два часа подоцна во ОВР Кочани било пријавено дека во село Оризари, кочанско, патничко возило хонда со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С., удрило во бетонски ѕид. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Вчера пак биле регистрирани две сообраќајни несреќи во Охрид и Радовиш.
Вчера попладне во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од булевар Туристичка и улица Стив Наумов се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило рено мастер со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н. од село Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од В.К. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
А во полициската станица Радовиш било пријавено дека на локалниот пат од село Подареш кон селото Смиланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор имт – 539 со радовишки регистарски ознаки, управуван од В.Т. и мопед хамачи без регистарски ознаки, управуван од Г.П. и двајцата од село Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.П., констатирани во Медицински центар – Радовиш.