Вчера во 19:30 часот во СВР Охрид, 40-годишна охриѓанка пријавила дека нејзиниот малолетен син, на улицата Сирма Војвода во Охрид, бил физички нападнат од три малолетници. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
„Половина час претходно во СВР Охрид, 45-годишен охриѓанец пријавил дека неговиот малолетен син, на улицата Карпош Војвода во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот“, соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, во 11 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во деловен објект лоциран на кеј 8 ноември во Струга, жена физички нападнала 37-годишна жителка на струшко село.
„Се работи на расветлување на настанот,по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.