сабота, 27 јули 2024

За еден ден пријавени три случаи на семејно насилство

Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, во првиот случај синоќа, во 23.45 часот, 33-годишна жена пријавила дека во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.

Во вториот случај, пак, синоќа 20-годишна жена пријавила дека во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А..

Во третиот случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во раните утрински часови. Нападот се случил околу 1:30 часот во Прилеп.  

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ