недела, 20 октомври 2024

За еден ден МВР откри два незаконски случаи на превоз на стока

На наплатната станица Глумово денеска, во два засебнислучаи, запрени се две товарни возила кои превезувале стока без соодветна документација или немале соодветна лиценца за вршење превоз.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово денеска запрела товарно моторно возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.

„Од извршената контрола, утврдено е дека тој превезува огревно дрво со соодветна документација, но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За тоа е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба од 500 евра“, соопшти МВР.

На истата наплатна станица, денеска е запрено и товарно моторно возило ман со тетовски регистарски ознаки сопственост на фирма од Желино, а управувано од Ш.Љ. од Тетово.

„Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба од 3.900 евра“, посочи МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ