Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 – на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Надлежните полициски организациони единици ќе продолжат со планските засилени сообраќајни контроли, а МВР уште еднаш, во пресрет на претстојниот викенд, апелира до граѓаните учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на личната и на општата безбедност на патиштата низ земјава.