Во првиот случај на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, патничко возило шкода удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
„Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираше МВР.
Во вториот случај во СВР Скопје било пријавено дека на улица Ќемал Сејфула, патничко возило удрило во Б.М. од село Студеничани, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
„Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се наведува во билтенот на МВР.