сабота, 27 јули 2024

За две недели доаѓаат странски војски, ќе вежбаат на полигонот Криволак

Владата, на предлог на Министерството за одбрана на вчерашната седница ја усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, заради реализација на вежбата „Брз одговор 24“, соопшти владината прес служба.

 

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Вежбата е во целосна организација на Вооружените сили на САД за Европа, а ќе се реализира од 24 април до 29 мај 2024 година на Армискиот полигон Криволак.

„На вежбата е предвидено учество на припадници од Вооружените сили на САД за Европа, со опрема, вооружување, воени и цивилни моторни возила, воздухоплови, беспилотни летала и други материјално – технички средства и изведба на падобрански скокови, одделенски и водни боеви гаѓања“, соопшти владината прес служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ