сабота, 27 јули 2024

За две години Бугарите денеска на избори по петти пат

Објавено на

часот

Сподели

И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто од гласачите се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето. 

Предводивањата се дека по денешното изјаснување на граѓаните во новиот парламент ќе влезат пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, Промените продолжуваат и Демократска Бугарија, Движењето за права и слободи (ДПС) Преродба и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Бугарски подем и Левица имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места. 

Од друга страна,бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството…, јавува бугарското радио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ