сабота, 27 јули 2024
Заврши изградбата на топловодот

За две години Битола ќе се грее на парно

Приодниот гас во целиот свет се смета за транзициско гориво кон целосно обновливи извори на енергија (ОИЕ), а токму поради тоа ЕСМ и Владата имаат контакти со еден од најголемите американски гиганти во делот на производство и инсталирање на постројки за производство на електрична енергија од гас за трансформација на РЕК Битола од електрана на јаглен на електрана на гас, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој при денешната посета на топловодот во РЕК Битола кажа дека проектот топлификација на Битола, по своето значење и големина се вбројува во рангот на изграбата на капитални објекти кои суштински го промениле и го менуваат животот во градот. Со изградбата на топловодот Битола и околината ќе добијат централен топлификациски систем. 

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковалевски посочи дека на старите наоѓалишта на јаглен во РЕК Битола ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи кои, како што кажа, ќе дадат дополнителна електрична енергија.   

Нагласи дека значително е подобрена енергетската ситуација во земјава и дека е намален увозот на струја за речиси 50 проценти.

„Ако порано увезувавме електрична енергија во висина од 35 до 40 проценти тоа е намалено под 20 проценти и под 15 проценти во зависност од месецот. Дури има и месеци кога воопшто не увезуваме. Тоа се должи на зголеменото производство во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и на новоинсталираните капацитети од обновливи извори на енергија кои имаат ист производен капацитет со РЕК Битола“, рече Ковачевски.

Со завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола од денеска стартуваа активностите за изградба на топловодната мрежа во самиот град. 

Според премиерот Ковачевски, проект топлификација на Битола, по своето значење и големина се вбројува во рангот на капитални објекти кои суштински го промениле и го менуваат животот во градот.

-Согласно планот, најпрвин, ќе бидат приклучени 35 државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, спортската сала, објекти кои загадуваат и кои многу трошат за згревање, а потоа, топловодната мрежа ќе се разгранува низ градот. Интензивно се работи од 2021 година и системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година“, истакна Ковачевски.

м

Трасата на топловодот минува и низ општините Новаци и Могила, две рурални општини на кои ќе им се овозми загревање на земјоделски оранжерии и објекти, а со тоа и поддршка на развојот на земјоделството во овој крај.

-Овој проект кој е од исклучително значење за Битола, Новаци и Могила е еколошки. Претходно беше предвидено да има потстаница за догревање на влезот во Битола која ќе работи на мазут, но сега ќе има потстаница на природен гас со оглед на тоа што ја поврзавме Битола со комплетното гасно поврзување до цевководот во Жидилово. Решена е и најголемата дилема за долгорочноста на топловодот. Со последните измени на проектот, обезбедивме иднина на топлификацијата, без разлика од каков ресурс РЕК Битола ќе произведува електрична енергија“, истакна Ковачевски.

Како што е познато, воведувањето на централен топлификациски систем за градот и неговата околина е идеја која се провлекувала со децении, истакна на денешниот промотивен настан во Битола, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.

„Битолчани ќе добијат топлинска енергија, а со тоа и еколошки чист и високо конфорен начин на загревање на институциите, деловните субјекти и домовите. Со имплементација на овој проект, со користење на топлинска енергија за греење ќе се намали користењето на електричната енергија, мазут, огревно дрво, нафта и друго, а ќе се зголеми безбедноста и сигурноста на дистрибутивната мрежа на електричната енергија. Еколошките придобивки од топлификацијата се огромни, а со воведување на овој вид греење ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми енергетската ефикасност“, рече Стефанов.

Според директорот на Топлификација – Битола, Горан Козаров во следните 18 месеци, низ Битола е предвидено да бидат изградени 10,5 километри топловод, а за градежните активности граѓаните ќе бидат навремено известени.

„Задоволен сум и благодарен за досегашната соработка со Општина Битола и локалните јавни претпријатија и очекувам тоа и понатаму да продолжи до целосно завршување на топловодот“, истакна Козаров. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ