сабота, 27 јули 2024

За два месеци Уставниот суд оформил 53 нови предмети откако приливот на иницијативи забележливо се зголемил

Уставниот суд бележи зголемен прилив на примени иницијативи и новоформирани предмети во август и септември оваа година. Според статистиките кои ги води Уставниот суд оформени се 53 нови предмети во периодот од 1 август до 30 септември 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Од судот информираа дека меѓу предметите кои се од интерес на јавноста, се и делови од Законот за облигациони односи и Законот за извршување, иницијативи поднесени од Министерството за правда со оспорени рокови за објавување на актите, Законот за работните односи.

Во денешното соопштение Судот ги објави сите останати предмети по кои се постапува, меѓу кои и два предмета во кои се оспорени законските измени на Кривичниот законик, предмет во кој е оспорена Oдлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесен од страна на Советот на Град Скопје, законски измени на Законот за урбанистичко планирање…

Некои од предметите, како што информираат од Уставен суд, се веќе ставени и на седница за дискусија и одлучување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ