сабота, 19 октомври 2024

За два денари се намалува цената на горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар,  Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 69,5, а  Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 (нафтата за домаќинствата) за 69 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС не се менува и останува 46,295 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,611 отсто, кај дизелот за 3,788, кај екстра лесното масло за 4,448 и кај мазутот за 1,779 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,807 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ