„Погрешно е што воведувате вербален деликт за меѓу другото да проценуваат што се лажни вести и за да казнуваат луѓето кои се бореле за одбрана на земјата и кои легитимно се поздравуваат со поздравот „За дом спремни““, кажа Буљ.
Пратеникот Милорад Пуповац, претставникот на хрватските Срби во Саборот, кажа: „Извикување за време на расправа во Саборот на усташкиот злосторнички поздрав „За дом спремни“, како што тоа го направи пратеникот Буљ, е тешка навреда и повик на омраза и насилство“.
Спикерот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ кажа дека тоа е неприфатливо, и побара објаснување од Буљ, кој потоа беше исклучен од седницата.