сабота, 27 јули 2024

За денеска се закажани продолженија на четири собраниски седници

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска.

На оваа седница останати за разгледување се и предлог законите за дополнување на Законот за Јавното обвинителство и на Законот за Советот на јавните обвинители, како и предлог-декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Во рамки на 39-та седница законодавниот дом треба да одлучува за предлог законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка.

На 71-та седница, пак, треба да се одлучува за одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „Алтеа”, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на армијата за учество во меѓународната операција на ЕУ „EUTM RCA” во Централноафриканската Република.

За расправа на 69-та седница се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан; предлог законите за изменување на Законот за заштита на децата, Законот за поштенски услуги, Законот за здравствена заштита….

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ