Ивановска, потврди дека акцелераторот 10 години не работи, но со поддршка на Министерството за здравство се очекува проблемот да биде надминат.
„Во Битола акцелераторот е донесен пред многу години, а не беше во употреба. Сега со поддршка од Министерството за здравство повикавме претставник на производителот да го поправи чилерот на акцелератор и да се обезбеди компјутер – симулатор“, истакна Ивановска.
Акцелераторот е набавен и донесен во битолската Клиничка болница во 2013 година, но, до ден денес не е во функција, а барање за негова работа, освен од онколошките пациенти, имаше и од Заводот за ревизија во ревизорски извештај.