четврток, 24 октомври 2024
Апел од СВР Тетово

За да нема гужви возачите да го почитуваат режимот на паркирање во зимските центри

Секторот за внатрешни работи денеска упати апел до возачите кои планираат во деновите од викендот да престојуваат во зимските центри.  Од нив се бара да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници за да се избегнат поголеми сообраќајни метежи.

Објавено на

часот

Сподели

„На зимските туристички центри Попова Шапка и Маврово веќе стартуваше новата скијачка сезона, со што забележително се зголеми вкупната динамика од возила и луѓе, особено за викендите, кога и најмногу се посетувани двата центри. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сопствениците на моторни возила целосно да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници. На оние кои на Попова Шапка и Маврово ќе пристигнуваат со возила, исто така, им се советува да ги заклучуваат возилата и во нив на седиштата да не оставаат   вредни предмети, паричници, мобилни телефони, чанти, очила за сонце, лаптоп компјутери и слично“, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Уште еднаш се потсетуваат возачите на постојната законска обврска задолжително да поседуваат зимска опрема, но и крајно одговорно да се однесуваат кон јавната чистота, односно да не ги фрлаат отпадоците каде ќе стигнат, туку во наменски поставените садови.

„На сопствениците на моторни санки, пак, им се укажува да се воздржат од возење по скијачките патеки, зашто движејќи се по патеките можат да ја доведат во прашање сопствената и  безбедноста на скијачите и на другите присутни покрај патеките“, потенцира портпаролот.

Во текот и на оваа зимско-туристичка сезона Секторот за внатрешни работи Тетово ќе ги засили планираните превентивни и други активности на Попова Шапка и Маврово, со цел  навреме да се откријат и отстранат евентуалните безбедносни ризици и соодветно да ги санкционира прекршоците и прекршителите

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ