сабота, 19 октомври 2024

За четири месеци трговската размена изнесува 6,4 милијарди евра

Објавено на

часот

Сподели

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит во периодот јануари − април 2023 година изнесува 828.573 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 77,1 процент.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали“, наведува ДЗС.

Во периодот јануари − април 2023 година, според вкупниот обем на размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ