вторник, 24 декември 2024

За четири месеци Царината запленила стока за скоро 50 осто повеќе од претходно, се пофали Николовски

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал. Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакнал директорот Бобан Николовски на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

Објавено на

часот

Сподели

На маргините на конференцијата Николовски остварил средби и со претставници на ЦИВИПОЛ на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.

Николовски, како што соопшти Царинската управа, ја истакнал и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.

„Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови. Од 1 јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци. Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал“, посочил Николовски.

Активностите што се преземаат за спречување на пролиферација на оружје, како што нагласил, се согласно и со Стратегијата на Царинската управа за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, како и Акциониот план во надлежност на Секторот за контрола и истраги.

Николовски на конференцијата го истакна значењето во спроведување ефикасни контроли како и континуираното вложување во развојот на човечкиот капитал како клучно во заложбите за жестока борба со сериозен криминал. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ