Во март 2024 година беа укинати аеродромските контроли и контролите на поморските пристаништа, а во средината на декември Бугарија и Романија добија согласност од своите европски партнери да се укинат контролите и на копнените гранични премини. Влезот во Шенген зоната е означен на граничните премини на полноќ.
За Бугарите и Романците тоа значи дека сега ќе можат да возат до Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат никакви лични документи, а автомобилите ќе поминуваат без контрола.
Двете земји ги исполнуваа критериумите од 2011 година, но секогаш земјите-членки имаа приговор.
Овој проблем стана извор на фрустрација со текот на годините, кој беше искористен од антиевропските партии кои го критикуваа нефер третманот, како на неодамнешните романски претседателски избори, каде што неочекувано победи кандидат на екстремната десница, за на крај изборите да бидат поништени.
Лидерите на двете земји ја поздравија „историската одлука“, истакнувајќи дека тоа е „клучна цел“ од нивниот влез во ЕУ во 2007 година.
Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27 земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Ќе се зајакне надзорот на бугарско-турската граница, која станува надворешна граница на Шенген зоната.