Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место.
На територија на Скопје покрај изречените казни за 54 брзи возачи, казнети се уште 109 учесници во сообраќајот – четири мерки за непрописно престигнување, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и казни за други сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предујпредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.