„Денес имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ, кои подолго време преземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за многубројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната влада. Инвеститорите што сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ“, стои во објавата на фејсбук-профилот на премиерот Мицкоски.
ЛИДЛ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата ШВАРЦ, чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Присутен е во 31 земјa, каде што оперативно работи со околу 12.000 продавници и вработува повеќе од 360.000 луѓе.