„Задоволство ми беше да го пречекам нашиот фудбалер, дел од албанската репрезентација, Јасир Асани, денеска во мојот кабинет. Дресот на победата над Фарските острови во мојот кабинет како подарок од ѕвездата на националната репрезентација Јасир Асани како добар предвесник за квалификациите“, објави Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата на Македонија на својот фејсбук-профил.
Вицепремиерот на македонската влада Артан Груби, како голем љубител на фудбалот, нема ни збор за последниот настап на македонската фудбалска репрезентација.