сабота, 27 јули 2024
Судско рочиште за случајот „Жам Митрев“

За Александар Петличковски смртноста во Македонија од ковид е само 2%

На вчерашното рочиште за случајот против клиниката „Жан Митрев“ претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски изјави дека смртноста од ковид во Македонија била само 2%. На повторно поставеното прашање на одбраната на Жан Митрев, одговорот на Петличковски беше ист. Официјалните информации се дека Македонија е на петто место по смртност во свет.

Објавено на

часот

Сподели

Петличковски исто така изјави дека Комисијата за заразни болести дала препорака дека хемофилтрацијата не треба да се користи како рутинско лекување. Но, според податоците на одбраната, на седницата на Комисијата за заразни болести немало кворум. Петличковски рече дека состаноците често се одржувале преку електронска комуникација, дека опциите за овој заклучок биле дадени преку електронска порака. „Веројатно било дека не сме компетентни, дека е применлива, дека не е применлива, не се сеќавам точно. Не знам напамет“, изјави Петличковски и додаде дека некои членови биле против, но не знаеше точно колку биле против.

На сведочењето беше кажано дека во составот на комисијата што даваше препорака за употреба на хемофилтрацијата, ниту еден од членовите не е експерт и нема детални знаења за методот, кога и како се користи. Петличковски кажа дека според неговата професија тој речиси и да нема контакт со пациенти и никогаш не видел како се лечат пациентите во клиниката „Жан Митрев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ