четврток, 26 декември 2024

За 9 месеци во Витаминка раст на добивката за 58%

Витаминка АД Прилеп во третиот квартал остварила добивка по оданочување во висина од 36.160 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од лани е зголемена за 58%, информираше компанијата преку Македонската берза.

Објавено на

часот

Сподели

„Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2024 година изнесуваат 2.650.211 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 8%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2023 година се поголеми за 7%.

Oстварените единечни вкупни расходи за овие 9 месеци изнесуваат 2.490.295 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во деветмесечието од 2024 година“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ