На базарот во ГТЦ ќе се претстават ракотворците: Креативно студио Алегра, Филигран М накит, Farina’s Handmade, Катарина Дода Јувелир, Добро Ми Стои, Арт студио С, Ателје Сиена, Siena Silver Jewelry, My precious, M&M Luxury Soap Bouquet, Декорации Марија, Уметничко студио Фантаст, Паеон, Шарена Приказна, Хеклана, Студио Кристина, Шарено ќоше, Дониа Ма, Мама Органа.
За 8 Март Занаетчиската комора на Скопје организира базар во ГТЦ
Во пресрет на Денот на жената 8 Март, традиционално Занаетчиската комора на Скопје во соработка со Градскиот трговски центар, го организира Осмомартовскиот базар на ракотворби.

Објавено на
часот
Сподели
На базарот ќе биде прикажан широк асортиман на ракотворби, од мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полудрагоцени камења и кристали, етерични масла, декорирани букети цвеќиња, филигрански накит, декоративни свеќи, па сѐ до сребрен накит и уметнички слики.
За сите заинтересирани, овогодинешниот базар на ракотворби ќе трае од 1 до 8 март, секој ден (освен недела) од 10 до 20 часот.