Во 2007 година со само неколку објавени песни го има својот прв концерт во Домот на културата во Штип. Денес, со повеќе од 50 објавени песни, Јоце Панов подготвува голем солистички концерт на 8 Mарт во Македонска филхармонија.
„По повод 25 години кариера одлучив да и се оддолжам на мојата публика, на сите оние кои ме поддржуваат и повеќе од две децении се присутни на моите настапи. Во секоја песна оставам дел од својата душа. Љубовта која ја добивам од мојата публика е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект”, вели Јоце Панов.
Од неговиот тим велат дека интензивно се работи на подготовките за концертот, кој е закажан на 8 Март во објектот на Македонска филхармонија со почеток во 20 часот.