понеделник, 21 октомври 2024
МОН

За 245 илјади ученици во основните и средните училишта утре ќе започне учебната година

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.

Објавено на

часот

Сподели

„Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лоште политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти“, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа најави дека постоечките политики ќе ги заменат со нови и прогресивни во чие креирање, како што рече, ќе учествуваат сите оние кои се засегнати. За тие политики да бидат спроведени, додаде, ќе биде обезбеден поширок консензус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ