Во првиот случај, според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување земјоделски работи со машина за собирање пченка во сопствена нива во атарот на село Камењане. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Во вториот случај од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.
Што се однесува до третиот случај полицијата соопшти дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.