сабота, 19 октомври 2024

За 24 часа регистрирани пет сообраќајки со петмина тешко повредени, меѓу нив и малолетници

Пет сообраќајни несреќи со петмина тешко повредени патници меѓу кои и една малолетничка се регистрирани во предпладневниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Денеска околу 3:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат кој води за село Пчиња, во близина на место викано Менкова колиба, патничко возило сеат со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д. од Куманово, излетало од патот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Л.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.Е. од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, се наведува во билтенот на МВР.

Вчера пак во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица 1 во село Арачиново, скопско, патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К. од село Орланци, скопско, удрило во паркирано патничко возило мерцедес со германски национални ознаки, паркирано од Н.М. и паркирано товарно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.М.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото голф, З.К., а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници А.М. и еден малолетник од истото возило, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Два часа подоцна исто така во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило сеат ибица со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во исто време на другиот крај од градот било пријавено дека на обиколницата на Град Скопје, во близина на клучката Орман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. од Скопје, удрило во ограда од патот и во патничко возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Е. од село Чајле, гостиварско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се наведува во билтенот на МВР.

Синоќа, половина час пред полноќ во полициската станица Дебар било пријавено дека во близина на браната Шпиље се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.П. од Дебар и патничко возило фолксваген голф со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.И. од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Е.П. и неговата сопатничка Д.Д., констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ