Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.
Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година.
„Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти“, вели во пишана изјава Бислимовски.