сабота, 27 јули 2024

За 1,5 денари ќе се намали цената на дизел горивото и нафтата за домаќинствата

Дизел горивото вечерва по полноќ ќе поевтини за 1,5 денари за литар и ќе се продава по цена од 71,5 денари. Исто намалување на цената ќе има и за нафтата за домаќинствата. Се намалува и цената на мазузтот. Цената на бензините нема да се промени, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 80, а Еуросупер БС-98 за 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,475 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,374 отсто, кај дизелот за 3,697, кај екстра лесното масло за 4,097  и кај мазутот за околу 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,087 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ