сабота, 19 октомври 2024

За 100 проценти зголемен бројот на болни од грип, едно лице почина

Во последната недела од минатата година (од 25 до 31 декември) во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје. Едно лице болно од грип почина.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на пријавени лица споредено со последната недела од 2022 година е зголемен за 16,1%, а во однос на претходните 13 сезони, е поголем за 79,0%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 151 лице е на возраст од 15-64 години, 108 се деца на возраст од 0-4 години, 115 деца на возраст од 5-14 години и 29 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 67 години од Скопје кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, обезитас и малигно заболување) и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1).

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 1.293.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 39,0%, а во однос на моделот од последните 13 сезони се регистрира зголемување од 20,0%, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ