сабота, 27 јули 2024

За 1 Мај помал број автобуси на ЈСП, а жичницата ќе работи два часа повеќе

Утре, за празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Фото: ЈСП

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

„Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ